ПОВЕЌЕ

    И блокови и тргување: Во акции на „Македонијатурист“ вложени над 1,3 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Повторно блок трансакции со акциите на „Македонијатурист“. Двата пакети со вкупно 10.393 акции имаат заедничка вредност од над 1,3 милиони евра. Акциите се купени по единечна цена од осум илјади денари.

    Првиот или големиот блок е сочинет од 10.013 акции кои вредат 80.104.000 денари, односно 1,3 милиони евра. Со втората трансакција се купени 380 акции за 3.040.000 денари или нешто помалку од 50 илјади евра.

    ИНТЕРВЈУ | ТОДОРОВСКИ: Од P2P инвестирање до животната филозофија на успехот

    Исто така, во текот на првиот работен ден од оваа недела на официјалниот пазар се истргувани 156 хартии од вредност издадени од хотелско-угостителската компанија. За нив се платени по 8.100 денари за акција, а направен е промет од 1.263.600 денари (20,5 илјади евра).

    На овие блокови им претходеа два забележани од берзанската статистика во последниве 30 дена.  Реализирани се по цена од 7.500 денари. Притоа, во 303 акции се вложени 2.272.500 денари (близу 37 илјади евра), како и во 394 – 2.955.000 денари (48 илјади евра).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично