ПОВЕЌЕ

    „АНЕМИЧЕН ПРОМЕТ“ НА „ЖИТО ПОЛОГ“: Остварена загуба од 17,8 милиони денари

    Време зa читање: 2 минути

    „Жито Полог“ АД Тетово за периодот јануари – јуни 2024 година оствари негативен финасиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на упех. Во првите шест месеци од годинава компанијата објави дека е остварена загуба од 17,8 милиони денари.

    Основна дејност на тетовската компанија опфаќа производство на мелнички производи, а поседуваат и сместувачки капацитети за житни култури.

    Остварените консолидирани вкупни приходи во овој период година изнесуваат 129,2 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување за 8%. Во структурата на приходи најголемо учество 98% имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во истиот период  2024 година бележат зголемување за 7%.

    Дејноста со која се занимава овој земјоделски комбинат може да носи навистина добри приходи.

    Пред неколку месеци Комисијата за хартии од вредност на денешната седница ја прогласи за успешна понудата за преземање на акции издадени од „Жито Полог” дадена од преземачот “Орка Холдинг“ АД Скопје. А, пак, пред неколку дека „Орка холдинг“ продала голем процент на „Жито Полог“ на „Нефроплус медикал“, и двете компании се на ист сопственик.

    Со оглед на тоа што приходите бележат минимално зголемување, прашањето е дали може да прекина долгорочната загуба на тетовскиот комбинат и да почне да остварува позитивен финансиски резултат?!

    Остварените единечни вкупни расходи во првата половина од 2024 година изнесуваат 141,6 милиони денари и во споредба со истиот период во 2023 година бележат зголемување за 10%.

    Овој период компанија не исплатила дивиденди, а наведуваат дека инвестирале во основни средства, и тоа сума од 1,2 милион денари.

    „Жито Полог“ во образложението напоменува дека друштвото прави напори за подобрување на финасиските резултати и одржување на ликвидноста. И дека во наредниот период ќе бидат преземени активности со цел изнаоѓање на нови пазари, подобрување на квалитетот на производите.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично