ПОВЕЌЕ

    Павле Гацов: Даночни измени за подобра конкурентност на државата

    Време зa читање: 2 минути

    Словенија во низок старт за 2025. Вака е насловен „Фејсбук“ статусот на даночниот експерт Павле Гацов, кој се осврнува на промените во даночниот систем што ги подготвува Словенија. Воедно, правејќи паралела, но и посочувајќи на тоа кои се очекувањата од новата влада во поглед на македонската економија.

    „Отрезнување од домашната постизборна летаргија со кратка информација за даночните новели во Словенија најавени за 2025 година.

    Со првиот пакет мерки Словенија ќе го намалува персоналниот данок за квалификуваниот персонал (за квалификувани клучни кадри на возраст до 40 години: странци и повратници Словенци), со вториот пакет даночно се стимулираат иновативните стартап компании и со третата се поедноставува наградувањето на работниците со акции на компанијата во која работат.

    Дополнително Словенците го зголемуваат прагот за ДДВ регистрација од 50.000 на 60.000 евра (во Македонија ДДВ прагот изнесува 32.500 евра).

    Најавени се и други важни даночни измени во Словенија во обид да се подобри конкурентноста на државата“, наведува Гацов.

    Во продолжение додава:

    „Наскоро очекуваме новата македонска Влада исто така да донесе сет на мерки за подобрување на конкурентноста на македонската економија, односно да започне со реализација на изборните програмски определби.

    Недостасува оптимизам во државата. Добрите макроекономски мерки ќе бидат керозин за општествениот и бизнис оптимизам во Македонија… во спротивно…“.

    Веројатно даночниот експерт не сака ниту да помисли што би било – во спротивно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично