ПОВЕЌЕ

    „Европа“ ќе дели дивиденда, поголем дел од добивката останува нераспределен

    Време зa читање: < 1 минутa

    Дивиденда во бруто износ од 11.501.700 денари или околу 186,7 илјади евра ќе поделат акционерите на „Европа“ од добивката остварена во текот на минатата година. Предложената одлука потврда треба да добие на акционерското Собрание закажано за 15 мај.

    Износите ќе се пресметуваат врз утврдената сума од 50 денари бруто за акција, а исплатата ќе биде во готовина, односно средствата ќе се уплатат на трансакциските сметки на акционерите.

    Последен ден на тргување со право на дивиденда е трети јуни. А, пак, датумот според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е пети јуни.

    Минатата 2023 година акционерскто друштво ја заокружи со нето-добивка од 33.478.416 денари (близу 543,5 илјади евра). Освен за дивиденда, дел од парите – 21.976.716 денари (356,7 илјади евра) се издвоени како нераспределена добивка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично