ПОВЕЌЕ

    „Прва Живот” за безгрижно секојдневие и безбедна иднина

    Време зa читање: 3 минути

    Живеј безгрижно, но биди одговорен – обезбеди ги најмилите. Тоа е суштината на животното осигурување. Во најубавите моменти на сегашноста, со помисла дека никому ништо нема да му се случи, да се направи исчекор кон иднината.

    Во суштина, се започнува со одговорноста, кон себе и кон семејството. Што претпоставува и далекувидост, заснована на вистината дека животот е крајно непредвидлив. Еден момент и сѐ се менува! Човекот лесно ги прифаќа добрите промени, тешко е доколку се случи нешто несакано. Затоа треба да се мисли на најбиските, што не значи дека е нужно да се наруши животниот комфор. Туку, со претпоставка – што би било кога би било – да се одвои симболичен дел од приходите.

    Тоа е и мисијата на Друштвото за осигурување „Прва Живот” АД Скопје – да ја подигне свеста кај населението за одговорноста што ја има секој кој има семејство. Да се зголеми свеста за сопственото здравје, но и за последиците доколку тоа се наруши, да го приближат животното осигурување до самата суштина на неговото постоење, до основата поради која и настанало, како и да го направи достапно за што поширок круг луѓе со различна висина на примањата.

    Впрочем, и основната дејност на Друштвото е животното осигурување во случај на смртосигурување од последици на несреќен случај – незгодаздравствено осигурување во случај на тешки болести и осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови, кога осигуреникот го презема инвестициониот ризик во однос на промена на вредноста на инвестиционите купони или други хартии од вредност на инвестиционите фондови.

    Накусо, се нуди дополнителна заштита и безбедност во текот на сите животни фази, како патоказ – зошто е важно навремено да се преземе одговорност за сопствената и за иднина на најблиските од семејството. Едноставно, животното осигурување служи токму за тоа, да ги обезбеди лицата за кои корисникот е одговорен, во случај повеќе да не е во можност да им пружи соодветна грижа или во најмалку посакуваната варијанта, да го загуби животот.

    Во личната карта на „Прва” е запишано дека единствен сопственик е Скупина Прва заваровалниски холдинг д.д. Љубљана, веќе присутен на нашиот пазар преку 51% сопственост на КБ Прво пензиско друштво. Друштвото стартувало со основачки капитал од четири милиони евра. Што се однесува до словенечкиот холдинг, веќе две децении управува со пензиски фондови во Словенија, Србија, Македонија и на Косово, а во матичната држава има осигурителна компанија.

    „Прва Живот” е сигурен партнер на граѓаните кои решиле сопствениот живот да го стават на прво место и да им обезбедат на најблиските финансиска заштита и безбедна иднина. Осигурувањето што го нудат е целосно прилагодливо на животните потреби и пресвртници. И, советуваат: животното осигурување е одлука за инвестирање во сопствениот живот, која не треба да се одложува”.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично