Во еден ден подарени, наследени… 3.099 обични акции од осум компании и четири банки

Време зa читање: 2 минути

Минатата работна недела во нетрговски трансфер сопственоста е сменета на 4.592 обични акции од 19 компании. Податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност ги објавува Македонска берза.

Најголемиот дел од работата е завршен во понеделникот, кога се трансферирани 3.099 акции на 12 котирани друштва, од кои четири банки.

Предничат акциите на скопски „Макстил“ – 1.219. Според бројноста, веднаш зад нив се акциите – 1.047, издадени од „Македонијатурист“.

Потоа бројките се спуштаат: низ нетрговскиот трансфер минале 230 обични акции на „Хотели Метропол“ АД Охрид, 229 на кратовски „Силекс“ и 200 обични акции на Комерцијална банка.

Како подарок, наследство или за друга законски предвидена цел, на овој начин пренесена е сопственоста на 51 акција издадена од скопски „Алкалоид“; на НЛБ Банка 32; „Македонски Телеком“ – 30; „Макпетрол“ – 22; ТТК Банка – 21; Стопанска банка АД Скопје – 11 и од РЖ „Услуги“ – седум обични акции.

Во текот на другите работни денови активноста намалува и се движи во вкупни бројки за трансферирани акции 844, 320, 329.

Преку нетрговски трансфер минале 599 акции на РЖ „Техничка контрола“.  Од ЖАС АД Скопје – 93 обични акции, а од „Раде Кончар- Апаратна техника“ – 59. Во вторникот предмет на ваков пренос биле повторно акции на Комерцијална банка, овојпат 50. На „Уготур“ АД Скопје 23, а на „Фершпед“  20 обични акции.

Во берзанските објави за нетрговски трансфери често се застапени струмичките „Оранжерии Хамзали“ и „Кланица со ладилник“. Неделава сопственоста е пренесена на 232, односно 88 од нив издадени обични акции.

Неделните активности се заокружуваат со „Македонски Телеком“ – по вторпат. Нетрговски се пренесени 329 обични акции.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично