ПОВЕЌЕ

    Бугарија ќе се откаже од таксата за транзит на руски гас во замена за влез во Шенген зоната

    Време зa читање: 2 минути

    Бугарската владејачка коалиција ги постави плановите за укинување на контроверзниот данок за транзит на руски гас низ нејзината територија, бидејќи балканската држава се обидува да ги подобри врските со земјите од Европската унија и да се приклучи на Шенген зоната.

    Потегот на владата во октомври да наметне давачка за намалување на профитот на руската компанија Гаспром ПЈСЦ предизвика загриженост за високите цени и прекините на снабдувањето низ југоисточна Европа.  Воведувањето на тој данок предизвика загриженост во цела Југоисточна Европа, поради што Унгарија го нарече потегот на Бугарија „непријателски“ и ја повика ЕУ да спроведе истрага. Овој данок неминовно доведува до поскапување на гасот, објави Блумберг.

    Откако Бугарија ја објави својата одлука да воведе данок за рускиот гас кој поминува низ нејзина територија, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Северна Македонија е подготвена да ги тужи Европската комисија и Бугарија пред меѓународните судови доколку не добие можност да увезува неруски природен гас преку Бугарија, со што ќе ги избегне трошоците за бугарскиот данок за рускиот гас. Премиерот Ковачевски изјави дека доколку државава не може да увезува неруски гас преку Бугарија, а данокот остане на сила, тоа ќе ги зголеми цените на парното и природниот гас за 20 отсто за потрошувачите, објавија локалните медиуми.

    На 13 октомври Бугарија воведе акциза од 20 лева (10,75 американски долари) по мегават час за транзит на руски природен гас низ нејзината територија, што во превод значи 113 американски долари за 1.000 кубни метри.

    Босна и Херцеговина, Грција, Унгарија, Северна Македонија и Србија добиваат гас од Русија преку Бугарија. Бугарија нема добиено никаков руски гас од крајот на април 2022 година, кога одби да го плати во рубли.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично