Одлука за одобрување Програмски заем во износ од 50 милиони евра за Развојна банка на Северна Македонија донесе административниот совет на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), на седницата одржана на 16 и 17 месецов.
Средствата од заемот се очекува да имаат поттикнувачко дејство во отворањето нови работни места и инвестирање во основни и обртни средства на микро, малите и средни претпријатија.
Заемот ќе се реализира преку деловните банки. На микро, малите и средни претпријатија ќе им овозможи полесен пристап до финансии под поволни услови. Со што, според Развојната банка, ќе се унапреди нивната конкурентска предност и ќе се зацврсти нивната позиција во создавањето и одржувањето на работните места.