Во месецот на штедењето „Финансиската училница“ на Комерцијална банка има нова лекција – ајде да научиме како и зошто треба да штедиме!
Банката ги едуцира младите за тоа како да го прифатат штедењето, со акцент на придобивките кои следуваат со стекнувањето на оваа корисна навика. Воедно, ги учи и како да се спротивстават импулсивната потрошувачка, односно пред нешто да купат, добро да размислат дали тоа навистина им е потребно. И, на тој начин да ја избегнат можноста за недостиг од пари.
„Финансиската училница“, која е дел од стратегијата на Банката за општествена одговорност, е осмислена финансиски да ги описменува младите, со цел да им помогне што поподготвени да влезат во светот на личните финансии и да формираат здрави финансиски навики. Тоа е патот за обезбедување поквалитетен живот. Едноставно, паметните финансиски одлуки што се носат во моментот влијаат врз стабилноста на финансиска иднина.