ПОВЕЌЕ

    „Чиста навика 2023“ на Комерцијална банка: Од центарот на Скопје собрани над 200 вреќи отпад

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во еко-акцијата „Чиста навика 2023“, тимот од над 180 вработени во Комерцијална банка собра повеќе од 200 вреќи отпад од централното подрачје на главниот град. Работните обврски во банката два часа беа ставени во мирување, за сметка на животната околина.

    Дел од еколошката акција беа и вработените од КБ Прво пензиско друштво, КБ Публикум инвест и од маркетинг агенцијата ЕПП Комјуникејшнс. Опремата за чистење и за собирање на отпадот ги обезбеди „Пакомак“.

    Со потврдената грижа за почист и поздрав амбиент, вработените од Банката се добар пример за пошироката заедница, кој треба да ја поттикне свеста и одговорноста за потребата од зачувување на животната средина.

    Комерцијална банка низ досегашната практика се докажала како општествено одговорна компанија, која ги негува принципите за одржлив развој во целокупното свое работење. Притоа, се нагласува дека тоа не е само корпоративна, туку е и лична определба на вработените, со што полесно се остваруваат зацртаните цели.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично