ПОВЕЌЕ

    Лукаревска: Плановите надминати, од даноци наплатени 9,23 милијарди денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Приливот од наплатата на даноците во август е поголем од јули, но и ги надминал очекувањата.

    „Во месец  август 2023 година остварен е вкупен даночен приход од 9,23 милијарди денари што е за 26,03 проценти повисок приход во однос на истиот месец лани и за 6,88 насто повеќе од планираниот приход“, објави на својот Фејсбик профил директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

    Ваквите податоци, вели, покажуваат интензивирање на економската активност и стабилност на државниот буџет што, пак, од друга страна придонесува да се обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните, средства за реализација на нови проекти, мерки за поддршка на бизнис секторот, за вложување во поквалитетни услуги во здравството, субвенции за земјоделците и слично.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично