Иван Штериев е претседател, а Нина Неданоска вршител на должноста неизвршен член на Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
За промените во органите на управување и раководење ЦДХВ информира преку Македонска берза.
„Ве известуваме дека со решение на Централен регистар на Република Македонија од 27.06.2023 година извршен е упис на Нина Неданоска како вршител на должноста неизвршен член на Одборот на директори на ЦДХВ АД Скопје. Промената е извршена по изборот на Неданоска за в.д. неизвршен член во Одборот на директори, на седницата одржана на 26.06.2023 година“.
Исто така, наведено е во соопштението, дека на истата седница е донесена одлуката за изборот на Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза, за претседател на Одборот на директори на ЦДХВ, што исто така е дел од регистрираната промена во Централниот регистар.