ПОВЕЌЕ

    СТАРТУВА ПРВАТА ГРАЃАНСКА ОБВРЗНИЦА СО КАМАТА ОД ПЕТ проценти и рочност од две години

    Време зa читање: 2 минути

    За граѓаните сигурна инвестиција, за државата поевтино задолжување, за економијата бенефит  – можностите ги дава граѓанската обврзница, новиот финансиски инструмент на домашниот пазар.

    Министерството за финансии го објави проспектот за првата аукција во износ од 600 милиони денари. Минималната сума која можат да ја запишат заинтересираните е 10.000 денари. Купонската камата е пет проценти, а рочноста две години.

    „Новиот финансиски инструмент на пазарот носи бројни придобивки, како за граѓаните, така и за економијата во целина. Средствата кои ќе се мобилизираат преку аукцијата на граѓанските обврзници ќе се искористат за буџетски потреби – за тековни потреби и за развојни цели и инвестиции во трајни добра“, објави премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Средстват повторно ќе се инјектирааат во стопанството, преку Буџетот. Односно, преку потрошувачката, исплатата на плати и пензии, преку инвестициски активности. Тие ќе ја придвижат економската активност, што ќе придонесе за забрзување на економскиот раст, нагласи премиерот.

    Граѓаните преку комерцијалните банки можат да достават барање за учество на аукцијата и да извршат уплата на паричниот износ за кој сакаат да купат обврзници, појасни министерот за финансии. Рокот е до 12 јули, односно еден ден пред аукцијата. Тогаш и  точно ќе се знае колкава заинтерсираност предизвикала оваа новина кај граѓаните.

    „По одржување на аукцијата, обврзницата ќе им биде издадена на имателите, односно ќе биде запишана на нивно име. Проспектот е издаден на 600 милиони денари, односно толку граѓански обврзници државата првично планира да издаде. Износот на една обврзница е 10.000 денари. Каматната стапка е пет проценти, а рокот на доспевање две години. Тоа значи дека ако граѓанин инвестира во 10 обврзници, односно 100.000 денари, на рокот на доспевање на 20.7.2024 година ќе добие 5.000 денари, наредната година уште 5.000 денари или вкупно 10.000 денари на инвестицијата. Другата предност е тоа што граѓаните ќе имаат можност, доколку имаат потреба во тие две години, да ги продадат, а придобивката е и во насока на борбата против сивата економија“, образложи Бесими.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично