ПОВЕЌЕ

    Пазарните инспектори во мај напишале казни од 214 илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Повеќе од 250 врачени прекршочни платни налози во вредност од над 13.250.000 денари или 214,8 илјади евра е мајскиот биланс од работењето на Државниот пазарен инспекторат. Во текот на тој месец извршени се повеќе од 2.200 инспекциски контроли. Утврдените неправилности се косат со одредбите од повече закони – за трговија, за финансиска дисциплина, за заштита од пушење,  угостителска дејност, за туристичка дејност, за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, за заштита на потрошувачи и за енергетика.

    Минатиот месец се уште беа активни владините одлуки за замрзнување на цените, одредување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. Во тие рамки, инспекторите реализирале повеќе од 460 надзори. Притоа, издадени се над 130 прекршочни платни налози во вредност од над 2,578,788 денари, односно 41,8 илјади евра.

    Од ДПИ информираат дека сите кои заработиле казна имаат можност да ги платат прекшочните платни налози, а доколку имаат забелешка, правото да го остварат во судска постапка. Во тој случај, инспекторите ќе бидат сведоци на судските рочишта и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои ги констатирале прекршоците.

    Воедно, од Државниот пазарен инспекторат ги повикуваат потрошувачите кои забележале неправилности или се сомневаат во измама, тоа да го пријават по електронски пат на https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/prijava-od-gragjani/view/form или да се јават на бројот 02/3162 341.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично