ПОВЕЌЕ

    Доларот ги столчи своите ривали, азиските берзи ослабнати

    Време зa читање: 2 минути

    Се чини дека моќниот долар веќе нема што да го запре, валутата е веќе е зголемена за 15% во однос на кошничката со валути оваа година, се вели во анализата на Ројтерс. Фјучерсите на фондовите на ФЕД сега укажуваат на 25% шанса за зголемување од 100 базични поени на состанокот следната недела.

    Тоа им дава поддршка на оптимистите за зголемена вредност на доларот, кој веќе ги притисна еврото и јенот на најниско ниво во последните две децении, додека пак фунтата до најслабото во последните 40 години.

    Светската банка излезе со мрачна прогноза, предупредувајќи дека светот може да се движи кон глобална рецесија бидејќи централните банки ширум светот истовремено ги зголемуваат стапките за да се борат против постојаната инфлација.

    Забележливо е несогласување околу зголемувањето на каматните стапки. Кај креаторите на политиката на ЕЦБ има различни гледишта за големината на идните зголемувања на каматните стапки, посочувајќи на некои несогласувања околу тоа дали треба да се повтори невидениот пораст од 75 базични поени од минатата недела.

    Вознемиреноста на инвеститорите за ризиците од забавување на растот е очигледна. Кривата на приносот на германските обврзници накратко се преврте во четвртокот, додека приносите на германските обврзници достигнаа нови 11-годишни највисоки нивоа на 1,539%.

    Додека состанокот на ФЕД ќе биде најголемиот настан за финансиските пазари следната недела, регионалниот фокус ќе биде и на очекуваните зголемувања од страна на Банката на Англија и Банката на Јапонија исто така.

    Во петокот, азиските берзи ослабнаа поради лошите економски проценки, и покрај податоците кои покажуваат изненадувачка отпорност на кинеската економија бидејќи производството во фабриките растеше побрзо од очекуваното, а цените на малопродажбата пораснаа најбрзо во последните шест месеци.

    Инвеститорите се чини дека се повеќе загрижени за продлабочувањето на падот на имотот во втората по големина економија во светот.

    Во меѓувреме, започна одбројувањето за она што може да биде едно од најголемите ИПО-a (IPO- initial public offering, првично продавање на акции на приватна компанија која станала јавна, н.з.) во светот. Извори на Ројтерс тврдат дека надзорниот одбор на Volkswagen ќе се состане во недела за да продолжи со ИПО на својот бренд Порше.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично