Од денеска во Никоб Лаб започнува бесплатното тестирање со брз антигенски тест. Како одговорна компанија, од Никоб Лаб велат дека се одлучиле за бесплатно тестирање со цел да дадат позитивен придонес за следење на епидемиолошката состојба во државава, особено меѓу децата каде сега најмногу се шири вирусот.
Бесплатно тестирање ќе добијат сите деца и млади на возраст од 0 до 18 години кои имаат симптоми и за тоа имаат потврда од матичен доктор, потврден позитивен контакт и потврда од наставник/класен раководител за изолација.
Промоцијата за бесплатните тестирања во Никоб Лаб ќе трае 14 дена.