ПОВЕЌЕ

    Скоро 90.000 компании затворени во Италија поради пандемијата

    Време зa читање: 2 минути

    Повеќе од половина милион компании во Италија се загрозени, а околу 90.000 се трајно затворени поради кризата предизвикана од пандемијата, според италијанското здружение Конфесерценти.

    Здружението наведува дека многу италијански компании се соочуваат со тешка криза и дека угостителството и туристичкиот сектор се најпогодени поради драстичниот пад на приходите во текот на летната сезона.

    Како што беше најавено, околу 500.000 компании во Италија планираат да елиминираат одредени работни места на есен, привремено или трајно.

    Здружението проценува дека мерките за поддршка на економијата „го забавија колапсот“, но и дека тие не се доволни затоа што „кризата предизвикана од ковид-19 нанесе сериозни удари“.

    Сопствениците на барови и ресторани особено се плашат од доаѓањето на есента и ладењето бидејќи градините и терасите ќе бидат неупотребливи, а клиентите ќе имаат пристап само до затворени простории со помалку места на располагање заради потребниот безбеден интервал за време на пандемијата.

    Конферсенци наведува дека ситуацијата е подобра во североисточниот и централниот дел на Италија во однос на другите области во таа земја и дека југот и островите се соочуваат со сериозни економски последици од пандемијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично