ПОВЕЌЕ

    ТОП 10 најголеми економии во светот, Кина на прво место

    Време зa читање: 2 минути

    Рецесијата предизвикана од коронавирус драматично ја намалува глобалната економија. Според Светската банка, ние во моментов сме во најлоша рецесија од Втората светска војна. Како сето ова ќе влијае врз стабилноста на најголемите економии не е познато, но ви ги претставуваме најновите податоци за топ 10 земји според БДП, согласно листата на howmuch.net.

    2020 година го означува почетокот на првата декада кога САД не е најголема економија во светот, првото место му припадна на Кина.

    Пред оваа деценија, САД беше најголемата економија во светот во последните 40 години.

    Во последните неколку децении, многу азиски земји забележаа дека нивните економии значително растат, вклучувајќи ги и Кина ($29,47Т), Индија ($12,36Т), Јапонија ($5,89Т) и Индонезија ($4,01Т).

    Азиските земји го достигнаа врвот на рангот, а земјите од Западна Европа го намалија. Италија веќе не е во првите 10, а Германија, Франција и Велика Британија се спуштија на ранг-листата.

    Согласно листата на howmuch.net, анализирано е како се променија првите 10 најголеми економии во светот измерени со БДП во последните неколку децении. Користени се историски бројки за БДП од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 1980 до 2020 година со проекција за 2021 година. Резултатите се дека во последните 40 години, евидентна е азиската економска моќ и релативниот пад на западниот индустријализиран свет.

    Топ 10 најголеми економии во 2020 година:

    1. Кина: $29.47T
    2. САД: $22,32 Т
    3. Индија: $12,36Т
    4. Јапонија: $5,89Т
    5. Германија: $4,59Т
    6. Русија: $4,52Т
    7. Индонезија: $4,01Т
    8. Бразил: $3,60Т
    9. Велика Британија: $3.24T
    10. Франција: $3,16Т

    Азиските економии напредуваа преку индустријализацијата и урбанизацијата, станувајќи фабрики во светот и подигнувајќи милијарди луѓе во средна класа.

    Овој наратив е најприменлив за Кина, која дури и не се сметаше меѓу првите 10 економии пред 1990 година. Сепак, Кина денес има најголема економија во светот со $29,47Т денес и се предвидува да порасне на $31.85Тследната година. Истиот брз раст е евидентен и за другите азиски земји, како Индија ($12,36Т), Јапонија ($5,89Т) и Индонезија ($4,01Т).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично