ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка со нова VIBE ON понуда за млади: Kредити и банкарски решенија создадени според нивните потреби

    Време зa читање: 2 минути

    Под мотото „MAKE IT EPIC“, Шпаркасе Банка во рамките на својата VIBE ON платформа за млади ја проширува понудата на финансиски производи за млади до 28 години, и тоа со нови потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит за млади, можност за дозволено пречекорување, како и нов VIBE ON+ пакет за млади.

    Како банка со едно од најголемите семејства на млади клиенти во земјата, Шпаркасе Банка континуирано ги следи нивните потреби, го слуша нивниот глас и создава производи што носат вистинска вредност во различните животни фази – од првите финансиски одлуки до обезбедување сопствен дом и поголема финансиска независност.

    Новата VIBE ON понуда е креирана со цел да обезбеди поголема флексибилност, достапност и поддршка за младите во секојдневието и во реализацијата на нивните лични планови. Во рамките на понудата, достапни се:

    Дополнително, Шпаркасе Банка го воведува и VIBE ON+ пакетот за млади од 25 до 28-годишна возраст како надградба на постојниот VIBE ON пакет за млади од 15 до 24-годишна возраст, со уште повеќе бенефити приспособени на динамичниот начин на живот и навиките на младите генерации.

    VIBE ON веќе е препознатлива платформа за млади, создадена за генерациите што сакаат поинакво банкарско искуство – поедноставно, подостапно и поблиско до нивниот начин на живот. Преку постојниот VIBE ON пакет, наменет за млади до 24-годишна возраст, како и првата и единствена VIBE ON експозитура за млади во земјата, Шпаркасе Банка континуирано гради заедница во која младите се слушнати, разбрани и поддржани во секој значаен животен чекор. Новата VIBE ON понуда е уште една потврда за посветеноста на Шпаркасе Банка кон создавање финансиски решенија што растат заедно со младите.

    #ВерувамеВоМладите

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично