ПОВЕЌЕ

    ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА ги повикува акционерите на Банката за учество на Собрание на акционери

    Време зa читање: 4 минути

    48то Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе се одржи на 26.04.2021 година (понеделник), со почеток во 15:00 часот, во седиштето на Банката на ул.Македонија бр.34 Скопје, со следниот

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Избор на  претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови
    2. Разгледување на Записник од 47.седницана Собранието на акционери
    3. Единечни финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2020 годинаревидирани од страна на друштвото за ревизија ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје и Извештај на независниот ревизор
    1. Kонсолидирани финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2020година ревидирани од страна на друштвото за ревизија ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје и Извештај независниот ревизор
    1. Годишна сметкаи финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2020 година
    1. Консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопјеза периодот 01.01.-31.12.2020 година
    1. Годишен извештај за работењето на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопјево 2020 година
    1. Консолидиран годишен извештај за работењето на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопјево 2020 година
    1. Предлог oдлука за употреба и распределување на остварената добивка од 2020 година
    2. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2020 година, колективно и од аспект на поединечните членови

    Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

    Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

    Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.

    Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

    Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

    Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

    Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

    Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

    Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.

    Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично