ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка известува за исплата на пензиите за месец октомври 2022

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе Банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека пензиите за месец октомври 2022 ќе се исплаќаат почнувајќи од 31 октомври 2022 година во четири групи.

    Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од банката ви препорачуваат да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

    Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

    • Во понеделник 31-ви октомври 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари денари
    • Во вторник 1-ви ноември 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари  
    • во среда 2-ри ноември 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
    • во четврток 3-ти ноември  2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

    За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Bankа, посочуваат од банката.

    Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти, апелираат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично