ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка го проширува својот тим во Струга

    Време зa читање: 3 минути

    Станете дел од професионален тим и изградете ја својата кариера на успешен банкар во Шпаркасе Банка . Поради зголемениот обем на активности, Шпаркасе Банка го проширува својот тим во Струга. Доколку сте мотивирани и имате желба да станете дел од нашиот тим, Ве повикуваме да аплицирате за вработување на отворените работни позиции.

    ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: БЛАГАЈНИК

    ЛОКАЦИЈА: ЕКСПОЗИТУРА СТРУГА

    Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во земјата и преку 35 експозитури. Одговорното банкарско работење и стабилноста се приоритет на Банката. Иновативноста и агилноста се наша движечка сила, а довербата и тимскот дух се вредности кои ги обединуваат сите наши вработени.

    • РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: БЛАГАЈНИК

    ШТО ЌЕ БИДАТ ВАШИ ОДГОВОРНОСТИ НА ПОЗИЦИЈАТА БЛАГАЈНИК

    • Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби
    • Ги препознава потребите на клиентите, воспоставува иницијални контакти,ги информира за видовите на депозити, условите за орочување и важечките каматни стапки
    • Ги спроведува сите готовински и безготовински трансакции со клиенти на благајна – физички и правни лица
    • Врши работи од доменот на менувачкото работење, водење на сметки, постапување по барања од клиентите (барање на производ/услуга, пријава/одјава на пензии, и др.)
    • Спроведува трансакции за електронски трансфер на пари преку компанија со која Банката има деловна соработка согласно законската регулатива
    • Ги остварува продажните цели за продажба на производи и услуги од секојдневно банкарство

    ШТО ТРЕБА ДА ПОСЕДУВАТЕ КАКО КВАЛИФИКАЦИИ

    • Минимум ССС, економска насока /гимназија
    • Способност за прилагодување на динамична работна атмосфера, подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки временски рокови
    • Одлични комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон клиенти
    • Поседување интегритет, доверливост, прецизност, точност и аналитичност во работењето
    • Претходно работно искуство во банка или финансиска организација ќе се смета за предност

    ШТО СЕ ВАШИТЕ ПРИДОБИВКИ

    Кариерен развој во банкарска групација Erste & Steiermärkische Sparkasse, пристап до групацискиот “know-how”

    • Учество на обуки и семинари, континуирано надоградување и усовршување, како и пренос на знаења и искуства од искусни професионалци преку менторство
    • Корпоративни настани, тимски дух, динамична работна атмосфера

    РАБОТНО ВРЕМЕ

    • Работно време: 40 работни часа во текот на работната недела, со почеток од 08:00 – 09:00 часот до 16:00 – 17:00 часот
    • Вредности кои ги практикуваат сите наши вработени: извонредност, доверба, агилност, страст, партнерство

    Вашето CV и мотивационо писмо доставете ги на [email protected] заклучно со 06.08.2021 со задолжителна назнака „Апликација за Благајник – Струга“. Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на интервју.

    За дополнителни информации, посетете ја страницата www.sparkasse.mk . Ве очекуваме! #ЗаеднoМожемеПовеќе

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично