ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Битола објави оглас за вработување на еден Самостоен стручен соработник

    Време зa читање: 3 минути
    Стопанска банка АД Битола објави оглас за ангажирање еден (1) извршител на работното место Самостоен стручен соработник 1 за SME клиенти.

    Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

     Економски факултет;
     Работно искуство во банкарството во делот на работа со правни лица (корпоративно кредитирање);
     Добро познавање на целокупното банкарско работење, многу добро познавање на финансиската анализа и процена на бонитетот – кредитоспособноста на претпријатијата, анализа на финансиски показатели;
     Англиски јазик;
     Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office).

    Работни задачи и одговорности на работното место:

     Се грижи за остварување на поставените цели, го следи испонувањето на планот, резултатите од работењето и споредбата со планските задачи,
     Се грижи за коминтентите, другите служби во Банката и претпоставените да ги добијат потребните информации на време,
     Одговорен е за работењето на клиентите кои согласно критериумите на сегментација на клиентите спаѓаат во категоријата на SME и микро правни лица, спрема својата изложеност, депозити или промет во денарскиот или девизиниот платен промет,како и согласно билансната сума и вкупните остварени приходи согласно годишните финансиски извештаи,
     Во корелација со својот претпоставен даваат предлог одлуки до недлежниот кредитен одбор за одлучување по барањата за кредитни продукити на клиентите
     Разговара со клинтите,
     Во соработка со службата за управување со средства ги договара изворите на финансирање,
     Дава предлози за нови производи,
     Активно контактирање со сите клиенти, најмалку два до четри пати во годината,
     Анализира кредитини барања, оценка на обезбедувањето,во согласност со политиките и процедурите на банката,
     За бонитетот на клиентите се консултираат со вработениот од Службата за кредитен ризик,
     Ги следи пласманите и подмирувањето на обврските на клиентите,
     Координација со останатите Службата за кредитен ризик и Службата за мониторинг, наплата, нефункционални кредити и преземени средства,
     Извршува и други обврски и има други одговорности на барање на раководителот на Службата.

    Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација во Скопје со договор на неопределено време и полно работно време.

    Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот односно до конечно пополнување на позицијата на следнaта адреса: [email protected] со назнака во Subject „За самостоен стручен соработник 1 за SME клиенти“.

    *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Стопанска Банка а.д. Битола и истите да бидат зачувани во дата базата на Банката во наредната 1 година од денот на испраќање.
    **Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта [email protected]

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично