ПОВЕЌЕ

    Силк Роуд Банка во потрага по банкарски службеник за ЕКСПОЗИТУРА СКОПЈЕ

    Време зa читање: 2 минути

    СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

    Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, во Служба за мрежа на експозитури.

    Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

    • Ги исполнува таргетите за пораст/продажба, приходи во експозитурата
    • Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите од населението, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување.
    • Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи кои ќе ги исполнат нивните барања.
    • Ги промовира производите и услугите на Банката за население на постоечките и потенцијалните клиентите со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на Експозитурата.
    • Ги подготвува и поднесува индикативните понуди за клиентите на Банката од редовите на населението
    • Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување на ажурирани производи насочени кон клиентите.
    • Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити производите на банката.
    • Делува проактивно со цел да се избегнат оперативните проблеми на клиентите, информира и ги советува клиентите во фронт службите со цел да ги промовира производите и услугите на Банката.
    • Врши вкрстена продажба на банкарските производи

    Избраниот кандидат треба да поседува:

    • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
    • Најмалку 2 години искуство во банкарски сектор, по можност во кредитирање на население
    • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
    • Одлично познавање на англиски јазик
    • Добро познавање на локалниот пазар
    • Добро познавање на банкарските производи
    • Добри организациски и комуникациски вештини
    • Можност за самостојна работа
    • Флексибилност

    Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

    Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на [email protected] со назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Скопјенајдоцна до 21.07.2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично