ПОВЕЌЕ

    Причина за постоење на вашиот бизнис

    Време зa читање: 4 минути

    Пред да започнете со дизајнирање на вашиот бизнис вие како еден претприемач ќе треба да бидете сигурни за тоа која е вистинската цел, односно причина за негово постоење. Што е логично при дизајнирање на било што друго.

    Иако целта на започнување на бизнисот е една, целта, односно причината за постоење на бизнисот (што се нарекува и мисија) не е иста со целта на започнување. На пример, целта на започнување може да бидете вие како еден претприемач, вашата благосостојба и вашиот подобар живот како и на вашето потесно семејство.

    Но, кога го дизајнирате бизнис и кога го менаџирате истиот целта мора да започне од купувачот. Значи, секогаш ја дефинирате целта од гледна точка на еден купувач. Што вашите производи или услуги прават за купувачите? Какви корисност, односно полезности тие ќе добијат? Кои се ефектите кои ги добиваат? Тоа се прашањата кои се важни.

    Целта на твојот бизнис мора да се базира на детално истражување на пазарот. Целта на постоењете е цел која со сигурност ќе ја задоволи потребата на пазарот. Нели е пологично дека бизнисот дизајниран врз темелите на целта базирана на купувачите и пазарот има поголеми шанси за успех?

    Сега да одиме со определување на вистинската цел на вашиот бизнис. Можеби најдобро е да се започне со негативности, бидејќи целта има најголеми шанси за успех доколку отстранува некакви болки, фрустрации или било кои негативности кои ги чувствуваат вашите потенцијални купувачи. Дали сум доволно јасен?

    Да разјасниме, кога зборуваме за цел мислам на целта за постоење на бизнисот и таа може и треба да остане иста во наредните 100 години, а не зборувам за цели како дел од стратегија или она што треба да го постигнете што се менува секоја година, месец, па може и недели.

    Примарната цел на дефинирање на цел за бизнисот е да инспирира и да води.

    Пред да почнеме со дефинирање на целта на постоење на твојот бизнис да погледнеме некои вакви цели (мисии) на компании кои сигурно веќе ги знаете:

    • Facebook – давање на моќ на луѓето да споделуваат и создавање на поотворен и поповрзан свет.
    • Disney – Одржување во живот на магијата на детството.
    • Google – Да ги организира светските информации и да ги направи универзално пристапни и достапни.

    Забележувате дека сите претставуваат една поттикнувачка, односно иснпиративна реченица која иако можеби изгледа неважно, сепак овие успешни бизниси ги води со години кон успешноста.

    Ајде малку да работиме на откривање на целите на постоење на вашиот бизнис.

    Добар начин за доаѓање до целта на постоење на вашиот бизнис е со користење на методот 5W или 5 зошто прашања, за тоа што ќе ни каже што е она на што бизнисот треба да се насочи. Процесот се спроведува на следниов начин:

    • Што обезбедува вашиот бизнис? | Ние обезбедуваме производи и услуги за домашни миленичиња кои им обезбедуваат на љубителите на домашни миленичиња поедноставување на нивниот сопствен живот додека го подобруваат животот на миленичето.
    • Зошто тоа е важно? | Љубителите на домашни миленичиња стануваат емотивно поврзани со своите миленичиња, но имаат проблем во обезбедување на соодветно време за да им се посветат.
    • Зошто е тоа важно? | Љубителите на домашни миленичиња сакаат квалитетни производи за своите миленичиња кои едноставно ќе го подобрат животот на миленичето.
    • Зошто е тоа важно? | Луѓето сакаат да чуваат домашни миленичиња, но повеќето не знаат ниту се свесни за обврските кои произлегуваат.
    • Зошто е тоа важно? Љубителите на домашни миленичиња сакаат да знаат и редовно да се запознаваат за новите производи и технологии кои се однесуваат за нивните миленичиња.
    • Зошто е тоа важно? | Љубителите на домашни миленичиња сакаат да бидат сигурни дека нивните миленичиња се згрижени и безбедни и кога тие не се дома.

    Врз основа на овие одговори лесно ќе можеме да ја дефинираме целта на постоење на нашиот замислен бизнис ПЕТ ШОП СТОП:

    Да обезбеди производи, обуки и услуги на кои сопствениците можат да се потпрат секогапш па дури и кога немаат време.

    Сега вие сте на ред.

    Извор: Претприемач

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично