ПОВЕЌЕ

    Охридска Банка известува за промена на локација и работно време на експозитура Гази Баба

    Време зa читање: < 1 минутa

    Охридска Банка АД Скопје ги известува своите ценети клиенти дека експозитурата во Гази Баба на ден 02.07.2021 (петок) ќе работи со скратено работно време од 08:00 до 14:00 часот, поради преселба на новата локација на ул. Интернационални Бригади бр.15.

    Постоечката експозитура и банкоматот ќе бидат достапни за клиенти до 02.07.2021 (петок), до 14.00 часот.

    Експозитурата ќе продолжи да работи на новата локација од ден 05.07.2021 (понеделник), со работно време од 08:00 до 16:00 часот. Банкоматот на новата локација, исто така ќе биде достапен од 05.07.2021 (понеделник).

    Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на релоцирање на експозитурата на новата локација.

    Во меѓувреме, на клиентите им стојат на располагање сите останати експозитури на Охридска банка, како и алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкоматите, мобилното и електронското банкарство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично