ПОВЕЌЕ

    НЛБ банка донираше 60 лаптопи за училишта и ученици од социјално ранливи семејства

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка денеска ја финализираше големата донаторска акција и подари 60 персонални компјутери (лаптопи) наменети за училишта и ученици од социјално ранливи семејства.

    Во донаторската акција која започна при крајот на минатата година, НЛБ Банка со поддршка од Mastercard, а по повод 35 годишниот јубилеј, издвои 30.000 евра за набавка на компјутери, кои ќе им помогнат на учениците од социјално ранливи семејства за непречено и редовно следење на онлајн наставата.

    Распределбата на компјутерите беше направена во соработка со Министерството за образование, а донацијата се реализираше во следните општини: Богданци, Градско, Јегуновце, Кавадарци, Кочани и Ресен, стои во објавата од банката.

    Улогата на НЛБ Банка како системски значајна Банка е многу одговорна, а грижата за граѓаните и воопшто одржувањето на општественото добро е од клучно значење, велат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично