ПОВЕЌЕ

    НИКОБ ЛАБ од денеска со прилагодено работно време

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во согласност со новите препораки на Комисијата за заразни болести кои предвидуваат значително олабавување на мерките поврзани со пандемијата од Ковид 19 согласно актуелната  епидемиолошка состојба во државата и олеснувањето на мерките за патување во државите во соседството.

    НИКОБ ЛАБ од денес го прилагодува работното време во согласност со актуелната состојба, така што на дисталните пунктови наместо двосменско работно време се воведува едносменско работно време и работното време ќе трае од Понеделник до Петок од 8,00 часот до 15,00 часот, во Сабота од 8,00 часот до 14,00 часот, а Недела е неработен ден.

    На пунктот во базата во Кисела Вода заради динамиката, работното време останува од Понеделник до Недела од 8,00 часот до 22,00 часот и наместо досегашните 8 шалтери, активни ќе бидат 2 шалтери  за тестирање, без закажување.

    Со прилагоденото работно време остануваме брзи, квалитетни со најприфатливи цени, димензионирајќи ги услугите според актуелните случувања и потребите на граѓаните и заедниците  со најдостапна услуга и најраспространета мрежа во државата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично