ПОВЕЌЕ

    ЛЕТНА ЕДУКАЦИЈА СО АФД: Сѐ што треба да знаете за финансиските друштва

    Време зa читање: 2 минути

    Асоцијација на финансиски друштва на Северна Македонија спроведува финансиска едукација за потрошувачките кредити во рамките на проектот Летна Едукација со АФД.  Проектот Летна едукација со АФД има за цел финансиска едукација на потрошувачите и пошироката јавност и едукација за заштитата на потрошувачите при потрошувачките кредити.

    Едукацијата ги обработува темите од Кодексот на добра пракса на АФД, кој обезбедува дополнителна заштита на интересите на корисниците на услугите од членовите на Асоцијацијата, насоки за фер комерцијална пракса и критеируми за професионална внимателност, во согласност со фер пазарните практики, добрата волја и принципите за одговорно кредитирање кои се општо прифатени кај небанкарската кредитна индустрија.

    Во денешното едукативно видео на тема Сѐ што треба да знаете за финансиските друштва одговараме на најзначајните прашања во врска со финансиските друштва и небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија:

    • Што претставува АФД?
    • Што е Финтек?
    • Финансиските друштва (ФД) и Финтек индустријата во Северна Македонија
    • Што претставуваат ФД?
    • Како ФД се разликуваат од банките?
    • Кога треба да се земе кредит од ФД?
    • Придобивки од небанкарските финансиски институции и Финтек за граѓаните

    Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија ги соединува компаниите за финансиска технологија, исто така позната како FinTech, и други организации кои работат надвор од банкарскиот сектор, давајќи финансиски услуги на жителите на Северна Македонија. Асоцијацијата ги претставува небанкарски финансиски институции, кои издаваат потрошувачки кредити. Мисија на асоцијацијата e да се создаде одговорна пракса, со цел долгорочна соработка и позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот, истовремено објаснувајќи ги на пошироката јавност различните можности што може да ги обезбедат финансиските друштва кои користат FinTech за развој на поединци и на општеството како целина.

    Во прилог е линкот од објавата на Facebook за првото едукативно видео за финансиските друштва во рамките на Летна Едукација со АФД

    https://fb.watch/7i5ZQRzFYt/

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично