ПОВЕЌЕ

    КХВ и одобри на Капитал банка издавање долгорочни хартии од вредност, купувач е постојан акционер во банката

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 127-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити, а се одржа денеска на 11.11.2021 година донесе Решение со кое на Капитал Банка АД Скопје и даде одобрение да издаде  долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

    Станува збор за петта емисија од 11.254 обични акции, со вкупна вредност на емисијата од 1.999.948,34 евра, односно 123.385.612,86 денари.

    Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач, АЛФА ФИНАНС ХОЛДИНГ од Бугарија, кој воедно е и постојан акционер на Капитал Банка АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично