ПОВЕЌЕ

    КХВ и одобри на Капитал банка издавање долгорочни хартии од вредност, купувач е АЛФА ФИНАНС ХОЛДИНГ од Бугарија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 160-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на ,‚Капитал Банка‘‘ АД  Скопје и даде одобрение да ја издаде 6-тата емисија на акции по пат на приватна понуда.

    Станува збор за шесттата емисија од 14.564 обични акции со номинална и продажна вредност од 177,71 евра во денарска противвредност по акција.

    Банката врши зголемување на основната главнина со издавање на нови обични акции за познатиот купувач, АЛФА ФИНАНС ХОЛДИНГ од Бугарија, кој воедно е и постоен мнозински акционер на ,‚Капитал Банка” АД Скопје и тоа заради одржување на соодветно ниво на стапка на капитал пропишано со Законот за банки и со подзаконската регулатива.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично