ПОВЕЌЕ

    Кој колку ќе се офајди: Гранит ќе подели дивиденда, но и бонус за менаџерите и раководителите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Собранието на акционери на ГД Гранит АД Скопје на годишната седница одржана на ден 21.05.2021 година, донесе одлука:

    Менаџерите и раководителите на градежната компанија „Гранит“ да поделат меѓу себе награда од 28 милиони денари или 455.000 евра во бруто износ.

    Ова информација ја соопшти компанијата преку Македонската берза.

    Станува збор за пари од нето добивката остварена во минатата година.

    Додека, пак, од остварениот профит компанијата ќе реинвестира 37.215.607 денари или 605.000 евра.

    Нето добивката по Годишна сметка за 2020 година на ГД Гранит АД Скопје во износ од 65.215.607 денари, се распределува.

    Прво, за награда на менаџерскиот тим и раководен кадар, во бруто износ од 28.000.000 денари и второ, добивка за реинвестирање во износ од 37.215.607 денари.

    Исто така акциониерите донесоа одлука за делење на дивиденда од 16,67 денари бруто по акција.

    Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето“, се вели во соопштението од компанијата испратено до берзата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично