
Во време кога компаниите сè помалку се разликуваат по производ, а сè повеќе по чувството што го оставаат кај луѓето, Скопје во мај повторно ќе стане регионален центар на разговорот за иднината на бизнисот.
На 20 и 21 мај 2026 година, во хотелот Hilton Skopje ќе се одржи четвртото издание на Firestarter – конференција која веќе неколку години гради заедница на професионалци, лидери и компании што веруваат дека customer experience и employee experience не се тренд, туку основа на современото лидерство.
Од локална иницијатива до регионално препознатлив настан, Firestarter денес се позиционира како платформа каде се отвораат најважните прашања за организациската трансформација, културата и искуството што компаниите го создаваат – и за клиентите, и за вработените.
Бизнисите повеќе не се паметат по тоа што продаваат, туку по тоа како прават луѓето да се чувствуваат
Токму оваа промена е во центарот на Firestarter 2026.
Во свет во кој лојалноста не се купува со попусти, туку со доверба и емоционална поврзаност, организациите сè повеќе сфаќаат дека искуството станува нивната најсилна конкурентска предност. Клиентите паметат како биле третирани, а вработените остануваат таму каде што чувствуваат смисла, почит и припадност.
Затоа CX (Customer Experience) и EX (Employee Experience) денес се обединети во поширок концепт – Experience Management (XM), кој сè почесто станува дел од стратешките одлуки на компаниите.
Firestarter 2026 токму оваа тема ја носи во фокус преку инспиративни предавања, реални лидерски приказни и дискусии со регионални и меѓународни експерти.

Светски експерти и регионални лидери на една сцена
Меѓу говорниците оваа година се имиња кои активно го обликуваат глобалниот разговор за искуството, лидерството и организациската култура.
Во Скопје доаѓа Иан Голдинг – еден од најпознатите светски CX експерти и сертифициран CCXP професионалец, познат по својата работа со глобални компании и институции.
На сцената ќе биде и Антони Лачинаи, автор и интернационален говорник кој работи на теми поврзани со комуникација, ангажираност и лидерство во современи организации.
Од регионалната бизнис сцена ќе учествуваат и:
Мојца Домитер, Group VP за човечки ресурси и култура во Atlantic Grupa
Пеџа Јовановиќ, извршен директор на Atria Group
Драган Ѓорѓевиќ, CX тренер и модератор на лидерски панел-дискусии
Особено внимание привлекува и учеството на грузиските CX експертки:
Д-р Натија Џибладзе
Нана Ахобадзе
Тие доаѓаат од TBC Bank – организација која често се споменува како пример за успешна CX трансформација во банкарскиот сектор.
Конференцијата ќе ја отвори Христина Велковска, претседателка на Македонската асоцијација за искуство на клиетни и вработени и извршен директор на Вита Институт, која стои зад развојот на оваа иницијатива уште од нејзиното прво издание.
Од инспирација до практична примена
Покрај конференциската програма која е предвидена на 20 мај, следниот ден на 21 мај Firestarter 2026 ќе понуди и специјализирани masterclass работилници со Иан Голдинг и Антони Лачинаи.
Сесиите се дизајнирани за професионалци од менаџмент, продажба, маркетинг, грижа за корисници, човечки ресурси и тн, со фокус на конкретни методологии, алатки и практики што може веднаш да се применат во организациите.
Организаторите велат дека токму тоа е концептот што ја прави конференцијата препознатлива – првиот ден отвора нови перспективи и идеи, а вториот нуди практични решенија и реална примена.
Партнерство што ја движи приказната
Зад организацијата на Firestarter 2026 стои Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени, МАЦЕКС, со силното партнерство помеѓу ВИТА ИНСТИТУТ и ЕЛЕМЕНТ ПР – тимови кои заеднички ја градат платформата и заедницата околу конференцијата.
Токму синергијата помеѓу експертизата во лидерство, customer experience, организациски развој и стратешки комуникации овозможи Firestarter да прерасне од настан во препознатливо регионално движење што отвора важни разговори за иднината на бизнисот и луѓето во него.
Firestarter како симбол на новата бизнис култура
Во изминатите четири години, Firestarter прерасна во многу повеќе од класична бизнис конференција. Настанот создаде простор каде компаниите отворено разговараат за култура, доверба, лидерство и искуство – теми што долго време се сметаа за „меки“, а денес директно влијаат на растот, задржувањето на таленти и лојалноста на клиентите.
Токму затоа симболот на конференцијата е оган – искра што треба да иницира промена.
Регистрации за Firestarter 2026 веќе се отворени, а посетителите ќе можат да изберат присуство само на конференцијата или комбиниран пакет со masterclass програмата.
АГЕНДА НА НАСТАНОТ: https://macex.mk/agenda-2-2-2/
Регистрација на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdBvCcGGS4YerQqEi3UDA6KUHsSDfXnZwdR49kgRlbP6ppVpw/viewform
Аналитика








