ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на менаџментот на ЦКБ Банка за претстојниот период?

    Време зa читање: 2 минути

    Во 2021 година се очекува неутрализирање на негативните ефекти и побрзо опоравување на економијата во целина.

    Во првото тримесечје од 2021 година, Банката оствари нето-добивка во висина од 2.5 милиони денари, којашто е за 69% повисока од остварената добивка во истиот период минатата година.

    Макроекономските услови, во кои Банката ја остварува својата активност во 2021 година, се целосно поврзани со пандемијата на ковид-19. Една година подоцна, состојбата во домашната економија е безмалку идентична: затворени се границите, трговските капацитети и услужните дејности. Согласно со предвидувањата на ММФ, македонската економија во 2021 година ќе оствари раст од 3,8%,  а нагорна корекција се очекува и кај годишната стапка на инфлација.

    Банката својата тековна активност во 2021 година очекува да ја остварува во неповолни  макроекономски услови, наспроти очекуваниот економски раст, кој се очекува по драматичниот пад на националната економија претходната година.

    Во наредниот период, до покажување на првите знаци на стабилизација и пазарна извесност, Банката ќе остане максимално претпазлива при преземањето нов кредитен ризик и ќе ги следи движењата и сигналите од пазарот и од НБРСМ.  Ќе продолжат континуираните напори за остварување на планираните позиции од деловниот план,  без, притоа, да се компромитира високото ниво на квалитет на кредитниото портфолио.

    Со цел да се олесни пристапот до услугите и безбедноста на клиентите, ќе продолжат напорите за модернизирање на постојниот технолошки сетап на Банката. Следејќи ги современите текови во развојот на информатичките технологии во банкарското работење, Банката ќе продолжи да ги развива и усовршува и алтернативните канали за дистрибуција, со цел намалување на ризикот од ширење зараза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично