ПОВЕЌЕ

    Иуте Кредит – официјален партнер и поддржувач на проектот за младински спорт “Ракомет за секое дете”

    Време зa читање: 3 минути

    Иуте Кредит Македонија како општествено одговорна компанија секогаш се труди и изнаоѓа начини да придонесе за подобро секојдневие на сите членови на нашето општеството, пред се кога станува збор и за спортски активности на најмалите.

    Иуте Кредит како официјален партнер на проектот ,,Ракомет за секое дете” го поддржува младинскиот спорт, местото каде се создаваат новите врвни спортисти, но и личности со здрави навики и силни карактери. Ракометот е игра каде децата од различни возрасти можат да се забавуваат, да се запознаваат, да се дружат и да стекнуваат нови искуства.

    Основната цел на проектот ,,Ракомет за секое дете” e да се овозможи ракомет на секое дете без разлика на местото и условите во кои живее. Да му овозможи еднакви шанси да тренира и да сонува дека еден ден ќе игра на големата сцена и ќе го носи дресот со националниот грб. Истовремено, низ игра децата се запознаваат со основите на ракометната игра, ги развиваат моторичките способности, ја подобруваат својата координацијата и го развиваат својот натпреварувачки дух, бидејќи тие треба да продолжат да го градат општеството на подобар начин.

    Проектот стартуваше во септември 2021 година. Составен е од три сегменти и тоа школа за ракомет ТОПКА, мини-лига Јуниор Куп и ракометен камп „40х20“.

    Основен сегмент на проектот е организирање на школи за ракомет и со самото тоа овозможување на децата од повеќе градови во Македонија, пред се во градот Скопје (Општините Аеродром, Лисиче, Кисела Вода, Карпош, Бутел), Велес, Струга да тренираат во услови кои ќе им овозможат правилен развој, едукација, социјализација, менторирање и насочување кон спортот. Проектот предвидува опфаќање на бројка од над 300 момчиња и девојчиња низ целата држава.

    Исто така, проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ во својот концепт за популаризација на ракометот и спортот воопшто кај најмладата популација организира мини лига во ракомет – ЈУНИОР КУП,  турнирски систем на натпревари за децата од школите, натпреварување кое се одржува во текот на целата година, а учествуваат децата кои членуваат во школите од цела Македонијa. Минатата сезона беше организиран и ракометен камп кој се одржа во Охрид, во периодот 19-24.06.2022 година.

    Иуте Кредит Македонија е главен поддржувач  и на женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично