ПОВЕЌЕ

    Искористи ги можностите на Халкбанк за плаќање на рати и активирај супермоќ

    Време зa читање: 3 минути

    Зарем има нешто попримамливо од можноста, да купувате сè што ви е потребно или што го посакувате, плаќајќи на рати без камата и притоа да добиете шанса за освојување вредни награди? Токму тоа го овозможуваат Mastercard кредитните картички издадени од Халкбанк – да купувате на рати без камата и истовремено да учествувате во големата наградна игра „Освојувај награди со Mastercard која веќе започна и ќе трае до крајот на февруари идната година.

    Доколку сте имател на кредитна картичка на Халкбанк, искористете ја поволноста за купување на рати БЕЗ КАМАТА кај трговци со кои Банката има склучено договор за плаќање на рати без камата и на тој начин, со секоја трансакција учествувајте во големата наградна игра на Банката. Партнерите со кои Халкбанк има склучено договор за плаќање на рати без камата, може лесно да се пребаруваат според дејности. На пример, доколку во моментот сте заинтересирани за купување мебел на рати, директно на веб страницата може да ги пребарувате PDF фајловите од соодветната дејност и многу брзо да добие пристап до листата на трговци кај кои може да се плаќа на рати и без камата.

    Условите за учество во наградната игра за „Освојувај награди со Mastercard“ се едноставни: корисниците на Mastercard кредитни картички со секоја направена трансакција стануваат потенцијални добитници на награди, додека сопствениците на Халкбанк дебитни картички од брендот Mastercard, учествуваат во наградната игра со вршење трансакции преку HalkPay и GarminPay функционалноста. Притоа, за учество во наградната игра потребно е да се пополни изјава за согласност за учество, на официјалната веб-страница на Халкбанк.

    Наградната игра Освојувај награди со Mastercard започна на 1 ноември и ќе трае до 28 февруари 2022 година, така што ќе има уште две месечни извлекувања на 15 ваучери за спортска опрема во вредност од по 6.000 денари – на 12 јануари и на 2 февруари, додека Главното извлекување е закажано за 9 март и во него ќе учествуваат сите трансакции направени во четирите месеци на времетраењето на наградната игра. Најсреќните клиенти на Халкбанк можат да освојат некоја од вредните награди – 6 Гармин часовници, 4 Мобилни телефони и 5 Ваучери за велосипед.

    Платежните картички се едни од најсовршените инструменти за плаќање во современото „безготовинско” општество. Сега, покрај брзината и едноставноста при плаќањата, со секоја трансакција можете да бидете чекор поблиску до освојување награди.

    Пријавете се за учество во наградната игра и пазарувајте со својот најдобар пријател – вашата Mastercard платежна картичка издадена од Халкбанк. Активирај ја својата супермоќ и добиј можност да уживаш во супер награди!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично