ПОВЕЌЕ

    ИВАП бара да се дозволи влез на настани со негативен ПЦР тест

    Време зa читање: 3 минути

    Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) остро реагира на недореченостите во новите  и бара нивно допрецизирање. Воедно забележува дека се донесени без никакви консултации со секторот.

    Според ИВАП, Владата треба да има предвид дека активностите во дејноста организирање настани се планираат со недели однапред и не е едноставно да се менуваат правилата од денес за утре.

    Дали само посетителите на настан треба да поседуваат потврда за прележан КОВИД или вакцинација или се бара за сите вклучени во настанот (технички тим и учесници), како ќе се третираат настаните што се без влезници, во парк или на плоштад, дали од секој што ќе помине на настанот ќе треба да бараме потврда, дали имаме право да легитимираме на влез на настан за проверка на совпаѓање на потврдата и доколку не, кој ќе одговара ако некој прикажал лажна потврда, дали доколку на настанот учествува странец кој до први септември може без проблем да влезе во
    земјата, смее да посети угостителско објект и дали по први септември, кога за влез во земјава меѓу другото ќе биде дозволен ПЦР тест, ќе може да се влезе на настан или ресторан со истата потврда или тие гости нема да имаат право на влез, се само некои од прашањата на кои ИВАП бара децидни одговори.

    По примерот на другите земји, Асоцијацијата бара и да се дозволи влез на настани со потврда за негативен ПЦР тест, брзи тестови на влез, вклучително со останатите потврди кои се во сила.

    -Владата треба да има предвид дека со ваквиот начин на носење мерки само дополнително ја усложнува и онака тешката ситуација која трае 17 месеци. Замислете, планирате настан со странски гости, сте направиле уплати и сега одеднаш преку ноќ се носат мерки кои никому не му се јасни .Нашата работа е сериозно погодена од пандемијата, а мерките дополнително ја усложнуваат и онака тешката
    состојба. Доказ за тоа се низа откажани настани во последен момент, бидејќи дел од колегите
    сметале дека нема да можат да ги спроведат мерките. Како ќе се покријат трошоците направени за реклама, исплатени хонорари, продадени билети, закупени простори?, реагираат од ИВАП.

    Организаторите на настани бараат да бидат консултирани и однапред известувани за носењето нови мерки и за нивното спроведување.

    -Никој подобро од нас не може да знае дали мерките можат да бидат спроведени и како тоа ќе се одрази на нашата работа. Уште еднаш потенцираме дека ги поддржуваме напорите за спречување на вирусот и дека сме во постојан контакт со колегите од целиот свет каде правилата се јасни и прецизни за влез на
    настани, наведува ИВАП.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично