ПОВЕЌЕ

    Заштедите на Бугарите во банките се зголемуваат со брзо темпо

    Време зa читање: 2 минути

    Личните заштеди на богатите Бугари во банките се зголемуваат со голема стапка и според статистичките податоци на Бугарската народна банка заклучно со март 2021 година, за една година, депозитите на населението помеѓу 200 илјади и 500 илјади левови cе зголемиле со над 22 отсто (1 лев = 0.51 евро).

    Оние депозити – помеѓу 500 илјади и милион левови се зголемиле за вкупно над 14 отсто, додека депозитите на граѓаните од над милион левови се зголемиле за 22,5 отсто и за вкупно 34,8 отсто.

    Овие заштеди од милион изнесуваат вкупно 1.154, и во крајот на март 2021 тие се со износ од речиси 3,17 милијарди левови.

    Кај сите преостанати групи заштеди на граѓани над 2.500 лева, има и годишен и тримесечен раст, како и кај депозитите над 20 илјади растот е двоцифрен – меѓу 10,8 и 13,4 отсто.

    Tpaeн пад – и тримесечен и годишен има кај депозитите до 2.500 левови.

    Што се однесува до компаниите БНБ проценува дека во март 2021 година депозитите биле околу 589 илјади. Ова е раст за 0,5 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година. Во првиот квартал од 2021 година, износот на овие депозити бил 29,971 милијарди левови, и на годишна основа е 16,1 отсто повисок. Во споредба со декември лани, бројот им е зголемен за 0,3 отсто, а висината – за 2,4 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично