ПОВЕЌЕ

    Е ова е веќе нешто! Нов станбен кредит на ХАЛКБАНК

    Време зa читање: 3 минути

    Најповолна каматна стапка за станбен кредит нуди Халкбанк, која се состои од 3,2% фиксна годишна каматна стапка за првите 10 години, потоа 5,2% + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот.

    Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити обезбедени со полиса за животно осигурување за физички лица кои се во редовен работен однос и пензионери.

    Кредитот можете да го користите за купување на стан, купување на куќа и купување на деловен простор како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит.

    Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

    Износ: до 200.000 ЕУР

    Максимален рок: до 360 месеци

    Грејс период: до 12 месеци

    Каматна стапка со плата во Халк Банка АД:

    3,2% фиксна годишна каматна стапка за првите 10 години,

    5,2 пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот (СВТ 4,04%)

    Каматна стапка без плата:

    7,00 фиксни пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор, но не пониска од 7,00%

    Провизија за обработка на кредитот: 0%

    Без трошоци за проценка

    Трошоци за кредитот:

    200 мкд – проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје.

    150 мкд – апликација за кредит,

    Меничен бланкет

    Надомест за предвремена отплата на кредит:
    За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.

    Учество: минимум 10% учество

    Кредитна способност: до 1/2 од месечни примања (со можност за кокредитобаратели).

    Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

    * 4,04% СВТ за износ на кредит од 50.000еур, каматна стапка 3,2% фиксна годишна каматна стапка за првите 10 години и 5,2 пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот, рок на отплата 360месеци, трошок за апликација од 150 МКД и трошок за проверка во МКБ 200 МКД. Во пресметката не е вклучен трошокот за полисата.

    ** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на договорната каматна стапка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично