ПОВЕЌЕ

    ЕУ и САД се спогодија околу царините за челик и алуминиум

    Време зa читање: 2 минути

    Европската унија и САД договорија примирје во спорот околу царините за челик и алуминиум, објави во понеделникот Европската комисија, најавувајќи разговори за проблемот со глобалниот прекумерен капацитет.
    ЕУ дополнително нема да ги зголеми компензациските царини на 1 јуни, како што беше планирано, бидејќи е во интерес на двете страни да не го ескалираат конфликтот, се вели во соопштението објавено во понеделникот.

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на челик и алуминиум од Европа, а ЕУ возврати со царини за увоз на американски производи како виски, фармерки и мотоцикли.

    Брисел и Вашингтон сега ќе започнат преговори за решавање на спорот до крајот на годинава, се вели во заедничката изјава потпишана од потпретседателот на ЕК, Валдис Домбровскис, претставник на американската трговија Кетрин Таи и министерката за трговија на САД, Џина Раимондо.

    Целта на обете страни е „да ги зачуваме нашите клучни компании“, посочуваат тие.

    ЕУ и САД исто така се согласија дека е од нивен заеднички интерес да работат заедно за „повикување на одговорност кон земјите како Кина, кои ги поддржуваат мерките за нарушување на трговијата“.

    Примирјето „ни дава простор да најдеме заеднички решенија за спорот и да се справиме со глобалниот вишок на (производствени) капацитети“, рече Домбровскис, комесар за трговија на ЕУ.

    На почетокот на мандатот на новиот претседател на САД, Џо Бајден, американските власти сигнализираа дека Белата куќа не планира да ги укине тарифите на Трамп, забележува агенцијата ДПА.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично