ПОВЕЌЕ

    „Епл“ откри израелски софтвер опасен за кој било „Ајфон“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Израелската компанија за кибер-безбедност, „НСО Груп“ развила уникатен софтвер со којшто е можно да се изврши хакерски упад во кој било „Ајфон“-уред на американски „Епл“, објави денеска мониторинг-групата за безбедност на интернет – „Ситизен лаб“.

    Оттаму велат и дека сознанието за постоење на спомнатата алатка е важно бидејќи ја открива чувствителноста на сите оперативни системи „ИОС“, „О-ес-икс“, како и „Вач-ОС“, освен оние што биле ажурирани денеска.

    Американската компанија „Епл“ потврди дека со обновувањето на софтверот на своите системи, ја елиминирале опасноста од можноста од хакерски упад на уредите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично