ПОВЕЌЕ

    Европската комисија со оптимистички економски прогнози за 2022

    Време зa читање: 2 минути

    Извештајот на Европската комисија за економските перспективи во ЕУ и еврозоната предвидуваат раст од 4,5 отсто за 2022, што е поголема стапка од првичните проекции.

    Според редовниот летен економски извештај на Комисијата, економијата на ЕУ ќе порасне за 4,8 отсто оваа година и за 4,5 отсто во 2022, што е за 0,6 процентни поени повеќе за 2021 од тоа што беше пресметано начелно од страна на службите во ЕК.

    Институцијата смета дека повеќе фактори ќе придонесат за ова оптимистичко економско сценарио: прво фактот што вакцинацијата добро напредува и доведе до намалување на стапките на новозаразени и на хоспитализирани. Потоа, повторното отворање на економската активност во земјите на ЕУ му помогнало на бизнис секторот, објаснува ЕК.

    Потрошувачите покажале исто така задоволителна стапка на доверба и желба за консумација, а ЕК е задоволна и со фактот што внатрешниот туризам во ЕУ покажува знаци на подобрување, посебно со воведувањето на новиот Ковид сертификат за патувања.

    ЕК е уверена дека нејзиниот Фонд за закрепнување ќе придонесе за “значаен раст” во економиите на ЕУ.

    Останува дека инфлацијата би требало да биде исто така повисока од планираното и оваа година и следната поради поскапувањето на цените на енергијата меѓу другото, но и поради недоволниот капацитет за производство и недоволни суровини.

    Инфлацијата би требало да достигне 2,2 отсто оваа година, и 1,6 отсто следната во ЕУ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично