ПОВЕЌЕ

    Година на рекордни приходи, добивка и признанија за Атлантик Група

    Време зa читање: 4 минути

    Атлантик група во 2019 година оствари приходи од продажба во износ од 724,2 милиони евра, што претставува раст од 3,4 отсто во однос на претходната година. Деловната добивка (EBITDA) изнесува 66,7 милиони евра и е 36,4 отсто повисока во однос на 2018 година, додека нето добивката е зголемена за 59,8 отсто и изнесува 52,0 милиони евра. Без еднократни ставки и промени на сметководствените стандарди, деловната добивка бележи раст од 13,1 отсто, додека нето добивката раст од 28,9 отсто.

    “Атлантик Група 2019 година ја заврши со историски највисоки приходи и профитабилност. Годината за нас беше исклучително успешна, и ја испративме како стабилна, финансиски просперитетна, како ниско задолжена компанија, со зајакнат менаџмент и јасна визија за иднината. Продолживме со стратегија на дезинвестирање во несуштинските дејности, а во исто време го зголемивме фокусот на области кои претставуваат главен генератор на растот и основа за идна трансформација. Посебно сме задоволни што пазарот на капитал го препозна нашиот севкупен успех, кој придонесе кон раст на вредноста на нашите акции и рекорден износ на дивиденда по акција, за што добивме и признание од Загребската берза за исклучителен придонес во развојот на пазарот на капитал, изјави извршниот директор и председател на управниот одбор г. Емил Тедески.

    Најмногу пораснале Аргета, пијалоците и хрватскиот пазар

    Вкупниот раст на приходите од продажбата во најголема мера се под влијание на стратешките деловни области: деликатесни намази со раст од 7,7 отсто,  и пијалоци со раст од 5,2 отсто.

    Сегментот  кафе со 151,5 милиони евра приходи од продажба претставува 20,9 отсто од вкупните приходи, и се истакнува како најголема поединечна  категорија. Најзначаен раст во дистрибутивниот бизнис е  забележан на хрватскиот пазар со раст од 8,2 отсто, следи Словенија со раст од  3,7 отсто. Во вкупната продажба, сопствените брендови сочинуваат 64,1 отсто, главните брендови во дистрибуцијата се 27,5 проценти, а фармацевтскиот синџир учествува со 8,3 отсто.

    Развој на дистрибуцијата но и на човечките потенцијали 

    После успешното проширување на дистрибуциското портфолио во регионот во 2018 година, нови дистрибуциски договори беа потпишани на почеток на 2019 година. Во Македонија со Ficosota i Beiersdorf, а на крај на годината во Србија и Словенија договори со Saponia i Kandit, со што се потврди континуираниот фокус на јакнење на дистрбуциското работење. На крај на март 2019 Атлантик Група отвори нов логистичко-дистрибутивен центар во  близина на Голема Горица кој осигурува  логистичка поддршка и долгорочен развој на дистрибуривниот сегмент. Во прва фаза е обезбеден магацински капацитет од 30.000 палетни места, со можност за модуларно ширење во согласност со деловните потреби. Во истиот центар  се имплементирани и пуштени во функција високо софистицирани роботи од компанијата Гидеон.

    Атлантик Група иако отсекогаш е во самиот врв на ТОП работодавачи според изборот на компанијата Selectio, минатата година за прв пат изби на прво место во 5 различни категории на управување со човечките потенцијали: стратегија, регрутација и селекција, управување со перформансите, усовршување и развој на односите со вработените.

    Дезинвестирање на нестратегиските сегменти и фокус на генераторите на растот

    Продолжувајќи ја корпоративната стратегија на дезинвестирање на несуштинските сегменти Атлантик Група во април 2019 година целосно го напушти сегментот спортска и активна исхрана (компанијата Tripoint со брендовите Multipower, Multaben i Champ се продадени на актуелниот дистрибутер компанијата Genuport), додека во октомври 2019 година продажба и на Fidifarma i Multivite PharmaS-u од сегментот дополнителна исхрана. Компанијата се фокусира на категориите за широка потрошувачка како кафе, пијалоци, деликатесни намази, слатки и солени грицки, кон долгорочен раст и развој на дистрибуцијата како и ан сегментот Фармација. Тоа вклучува и целна интернационализација на брендовите кои имаат меѓународен потенцијал, како Аргета и  Donat Mg, како и идни спојувања и аквизиции. Во таа смисла е зајакната и управата на компанијата која сега брои 6 члена.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично