ПОВЕЌЕ

    „Вози од срце“ проектот на Стопанска банка АД – Скопје ја оствари целта – Извозени 1 МИЛИОН километри на велосипед!

    Време зa читање: 2 минути

    Хуманитарна акција „Вози од срце“ е проект на Стопанска банка АД – Скопје со цел одбележување на 75-годишнината од постоењето со својата заедница.

    Проектот „Вози од срце“ имаше цел да ги мотивира граѓаните во заедничка иницијатива за поттикнување на велосипедизмот и дополнително со тоа, поддршка на тие на кои им е најпотребна.

    На 21.11.2019, со гордост објавија  дека ЦЕЛТА Е ОСТВАРЕНА!

    Извозени се 1.000.000 километри #НаТочак!
    Да, добро прочитавте, 1 МИЛИОН извозени километри!
    Со тоа и официјално е остварена целта на проектот #ВозиОдСрце.

    Банката од срце им благодари на сите кои директно или индиректно се вклучија, кои возеа велосипед, споделуваа и ја поздравуваа иницијативата на банката со цел заедно со Стопанска банка АД – Скопје извозените километри да ги преточат во донација, која е наменета за одделот за кардилогија при Универзитетската клиника за детски болести, каде што Стопанска банка АД – Скопје ќе донира вредна медицинска опрема и со тоа комплетно ќе се заокружи целиот проект.

    По остварување на оваа голема цел од Стопанска банка АД – Скопје порачуваат:

    “Продолжуваме заедно да го менуваме светот на подобро!”

    Овој проект е продолжение на нивното корпоративно залагање да им даваат подршка на своите клиенти, но и како општествено одговорна компанија, која 75 години е нераскинлив дел од општественото живеење и дејствување. Тие, препознавајќи ја својата улога и значење, мотивирани се да продолжат и понатаму да оставаат трага во општеството.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично