ПОВЕЌЕ

    БизнисМрежа.мк е ВИСТИНСКА ИМУНИЗАЦИЈА ЗА УСПЕШЕН БИЗНИС

    Време зa читање: 5 минути

    “Ние сме експерти во областа на управување со деловни податоци.

    Со нас, Вашата работа е многу полесна и посигурна. Нашата мисија е да обезбедиме пристап до високо квалитетни деловни информации и да помогнеме на нашите клиенти да одржат стабилен степен на ризик, да го зголемат својот профит и да помогнеме при донесување на паметни деловни одлуки.”

    Разговараме со Елена Цветкова, портфолио менаџер во бонитетната агенција Таргет Груп ДОО Скопје, за придобивките од користењето на платформата БизнисМрежа.мк.

     

    Пари: Што е БизнисМрежа.мк и какви информации/податоци содржи платформата?

    Главниот продукт на нашата компанија е платформата БизнисМрежа.мк која им помага на компаниите при носење на паметни деловни одлуки. Станува збор за најголемата приватна база на податоци и овозможува увид во работата на повеќе од 75.000 активни македонски компании. Сите податоци на платформата се ажурираат на дневна основа и истите овозможуваат увид во поврзани правни и физички лица (директна/индиректна поврзаност), финансиската состојба со индикатори за самофинансирање и задолженост, солвентност (стечај, ликвидација, казни/санкции, бришење), историјат на промени за последните 10 години, увид во сите добиени тендери, нотарски/извршителски објави, долгови кон УЈП и останати корисни модули. Еден од најважните модули на платформата е модулот информатор, кој јас често го издвојувам како најмоќната алатка на платформата БизнисМрежа.мк. Единствено со користење на овој модул, поточно неговите дневни нотификации, први дознавате кога соработниците прават клучни промени во нивното работење.

     

    Пари: За кого е наменета БизнисМрежа.мк?

     

    За сите компании и институции. Без разлика дали се микро или големи. Не постои дејност на која не и потребна БизнисМрежа.мк. На неколку наврати во разговор со моите клиенти добивав одговор дека ова е платформа само за големи субјекти, што е сосема погрешен став. Сите бизниси секојдневно носат деловни одлуки со своите соработници, без разлика дали работат со 3 или 3000 компании. Сите бизниси имаат свои конкуренти за чиј раст или пад треба да бидат информирани, како и фактот дека секоја компанија најголема цел и е да најде нови и сигурни соработници со што би ја зголемиле продажбата на нивните услуги или производи. Сите овие факти несомнено говорат дека платформата БизнисМрежа.мк е потребна за секој бизнис кој сака да биде успешен.

     

    Пари: Како БизнисМрежа.мк им помага на бизнисите при секојдневното работење?

    Најголемата помош за бизнисите е тоа што платформата БизнисМрежа.мк е вистинска имунизација од несакани дејствија. Со мониторирање на соработниците први дознавате за клучните промени кои се случуваат на дневно ниво. Единствено на платформата може да се погледне историјат на финансиска состојба со дополнителен индикатор за задолженост, како и компарација на истата со цел да се донесе правилна одлука со иден или постоечки соработник. Платформата е флексибилна и модерна алатка која помага во наоѓање на новоосновани компании за соодветен таргет при што се доаѓа до идеална можност први да го понудите својот прозивод пред истото да го открие Вашата конкуренција.

     

    Пари: На кој начин Таргет Груп се грижи за своите клиенти, посебно во период на пандемија?

    Постојаната и соодветна грижа за клиентите е клуч за долгогодишна соработка. Тоа е ставот кој постојано ги потврдува моите успешни соработки со клиентите од кои голем дел денес се и мои пријатели. Гордо ги издвојувам проектите кои се дел од грижата во периодот на пандемија и имаат за цел да им помогнат на компаниите полесно да ја пребродат финансиската криза со идентификување на фирми кои згаснуваат, односно, започнуваат постапки на стечај или се појавуваат на црната листа на УЈП. Станува збор за проектите: “ДИГИТАЛНА СОЛИДАРНОСТ” и подароци во облик на “ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ” за активација на платформата БизнисМрежа.мк. Неопходно е да споменам дека тие се ретки проекти кои директно говорат за грижата кон компаниите кои до тогаш не беа наши клиенти, а добија алатка без надомест и со големи поволности. Периодот на пандемија вртоглаво ја зголеми комуникацијата со нашите клиенти, при која Таргет Груп како компанија се докажа како вистински нивни партнер, а не само како компанија од која купиле услуги.

     

    Пари: Кои држави ги покрива БизнисМрежа.мк?

    Нашата компанија Таргет Груп го покрива речиси цел свет со изработка на детални бонитетни извештаи, но покрај тоа, од неодамна имаме достапен увид во работењето на сите компании од Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија како дополнителни модули на платформата БизнисМрежа.мк. Нашата компанија е во постојан развој со новитети, затоа и би можела да најавам дека во моментов се работи на развивање на дополнителни модули/држави кои би биле дел од платформата.

    Пари: Ваша препорака до бизнисите во Македонија?

    Не постои поголема препорака од тоа дека БизнисМрежа.мк е заштита на сопствениот бизнис. Ги советувам компаниите да излезат од сопствените удобни зони без разлика дали станува збор за најуспешна или делумно успешна удобна зона. Неможеме постојано да ги правиме истите работи, а да очекуваме поинакви резултати.

    Во денешни услови неопходно е следење на соработниците без разлика дали се нови или долгогодишни. Паметно е да се чекори со конкуренцијата и постојано да се создава начин за зголемување на својот пласман.

    Затоа, дознајте со кого соработувате и донесете паметни деловни одлуки со вашиот партнер – БизнисМрежа.мк.

     

    Елена Цветкова

    Портфолио менаџер

    Таргет Груп ДОО Скопје

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично