ПОВЕЌЕ

    Андреја Јосифовски претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ е добитник на престижната награда за животно дело „Креатори на векови“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ е добитник на престижната награда за животно дело „Креатори на векови“ за исклучителни постигнувања и развој на претприемништвото на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа.

    Наградата беше доделена на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“ што годинава по осми пат се одржа во Дубровник, Хрватска.

    Добитникот на оваа награда го избираат докажани и признаени професионалци од областа на економијата, финансискиот сектор и маркетингот од 10 земји, врз основа на идентификување на големите визионери, лидери и креатори на иднината, чиј труд, храброст, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата и развојните предизвици на новото време.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично