ПОВЕЌЕ

    Ангеловска-Бежоска за признанието од „Централ бенкинг“: Народната банка не е еден човек, таа е институција

    Време зa читање: 3 минути

    „Централ бенкинг“ ја издвои гувернерката на народната банка Анита Ангеловска-Бежоска меѓу трите гувернерки од светот коишто успешно се справуваат со актуелната криза, поврзана со Ковид-19. Една од нејзините заслуги е што нефункционалните кредити се сведени на историски најниско ниво, а депозитите продолжија да растат. Во разговор за „Гласот на Америка“ таа вели дека тоа за неа е признание, но и личен предизвик.

    – Огромно задоволство за мене, и за моите колеги, затоа што Народната Банка, не е еден човек, таа е институција. Заедно успеваме успешно да се справиме со невидени предизвици со кои се справуваат речиси сите Централни банки во светот. Во таква тешка ситуација, успеавме да за одржиме стабилност на курсот, ценовната стабилност и сето тоа да гарантира макроекономска стабилност – изјави  Ангеловска-Бежоска.

    Водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг “, од седумнаесет гувернерки во светот издвои три, кои ѝ покрај големите предизвици со коишто се соочуваат, успешно се справуваат со кризата, преку одржување на ценовната стабилност, стабилноста на курсот на домашната валута и финансиската стабилност.

    – Ние, како и останатите Централни банки презедовме голем број на монетарни мерки. Продолживме со релаксирана монетарна политика, што е јасно видливо преку натамошно намалување на основаната каматна стапка на Централната банка, истата ја сведовме на историско најниско ниво. Вбризгавме дополнителна ликвидност во системот, и покрај тоа што нашиот банкарски систем традиционално се одликува со високо ниво на ликвидност. Дополнително на сево ова направивме измени во регулативата со цел да ги стимулираме Банките привремено да ги одложат обврските за плаќање кредити од страна на компаниите и граѓаните – вели гувернерката.

    На прашањето дали денарот ќе остане  еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија, таа вели дека за тоа не треба да има дилема.

    – Нашето искуство покажува дека стабилноста на денарот е клучното сидро на целокупната стабилност во нашата економија, дека оваа монетарна стратегија е најсоодветна, значи, нема посоодветна монетарна стратегија. Ако нема, тогаш неопходно е соодветно ниво на девизни резерви. Да продолжиме да ги градиме за да можеме понатаму да ја одржуваме оваа клучна макроекономска стабилност. За оваа година е проектиран раст од 3,9 проценти на македонската економија, и закрепнувањето ќе се одвива постепено. Ќе биде потребно време Македонија да се врати на патеката пред кризата со пандемијата, а тоа би се случило дури во 2022 година – Ангеловска-Бежоска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично