ПОВЕЌЕ

    Адора на Чифлиганец сега поседува 341.860 акции од Комерцијална банка!

    Време зa читање: 2 минути

    ,,Адора Инженеринг” на Чифлиганец која минатата година запази просек на 200 вработени, и успеа да оствари профит од 181.800.019,00 денари или приближно 3 милиони евра, продолжува да инвестира во банкарскиот сектор!

    Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје преку системска блок трансакција се стекна со 48.837 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

    Проф д-р Ванчо Чифлиганец кој одамна е познат на македонската јавност како пратеник, професор, менаџер, филантроп, а од пред две години и го привлече вниманието кога во неколку наврати одвои милионски суми преку неговата компанија за да стекне значителен број акции од најголемата и најмоќната банка во Македонија.

    Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје, кое е во сопственост на Ванчо Чифлиганец, кој воедно е и Член на Надзорниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје, продолжи да купува акции во Банката.

    Согласно правилата, Банката извести дека Адора на Чифлиганец сега поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

    Инаку на редовното тргување во четвртокот (17 јуни), една акција на Комерцијална банка се продавала по цена од 8.750 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично