Доделена главната награда Toyota Corolla Hybrid на наградната игра „Бесконтакно плати и награда фати“ од Комерцијална банка АД Скопје

Датум на објава: 22.01.2020

Извлечен е добитникот на главната награда од наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“ на Комерцијална банка АД Скопје. Среќниот добитник е Драган Ј. од Скопје, кој од денес е сопственик на извонредниот еколошки автомобил Toyota Corolla Hybrid. Му честитаме на Драган Ј. и од срце му посакуваме безбедно возење до сите посакувани дестинации.

Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“ траеше од 9.12.2019 до 12.01.2020 г. Во шесте извлекувања доделивме многубројни вредни награди, а можеа да учествуваат сите кои плаќаа бесконтактно со Mastercard® картичките или преку апликацијата KomPay на Комерцијална банка.

Сите детали и Правилата на наградната игра се достапни на следниот линк.

Им благодариме на сите кои учествуваа во наградната игра на Комерцијална банка. Продолжете да плаќате бесконтактно со Mastercard® и KomPay за само 1 секунда бидејќи секој заштеден момент е награда.


Тагови: Комерцијална банка АД Скопје, наградна игра,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: