Во последните осум месеци потрошувачите ги променија старите навики поврзани со појадокот, односно немаа потреба да купуваат колачи или брза храна на патот до работа, бидејќи тие масовно работеа од дома, додека часовите се одржуваа преку Интернет.
Промената во однесувањето доведе до поголема продажба на производителите на житни култури „General Mills” i „Kellogg” кои пред кризата се бореа да го оживеат „апетитот на потрошувачите“ за корнфлекс.
Од друга страна, ненадејната транзиција кон работа од дома влијаеше на рестораните за брза храна и не само поради појадокот. Луѓето главно јаделе дома цел ден, а со помала веројатност да излегуваат надвор поради ширењето на вирусот.
Се огласија и Starbaks, кај кои исто така негативно влијаеше оваа промена во ритуалите на деловните луѓе.
Во третиот квартал, тие забележаа пад на продажбата од 9 проценти, бидејќи немаше доволно „ранобудници кои брзаат да работат“ и кои сакаат да ја добијат својата доза на кофеин од продавницата на овој познат ланец. Директорите, всушност, велат дека клиентите преминале на подготовка на кафе подоцна наутро или порано попладне.
За разлика од останатите ланци на брза храна во САД, познатиот ланец “Wendy’s”, понуди појадок на почетокот на оваа година, иако луѓето почесто јадат брза храна попладне и навечер, а тој е еден од ретките победници во таа „трка“. Сепак, приходите од појадок беа послаби отколку што се очекуваше во текот на целиот трет квартал, а нивните акции паднаа за околу 4%.
Ланецот потроши 6,2 милиони долари во третиот квартал, рекламирајќи го појадокот на “Wendy’s”. Заради споредба, во вториот квартал беа издвоени 2,2 милиони долари за тие цели.